Дома Останати Кошарка НБА Шоу на Јокиќ: Со трипл-дабл испиша историја на Денвер! (ВИДЕО)

Шоу на Јокиќ: Со трипл-дабл испиша историја на Денвер! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни осум натпревари.

Кошаркарите на Денвер го победија Њу Орлеанс на гостувањето со резултат 105:99, а уште еден блескав настап имаше Никола Јокиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот центар во оваа победа имаше учинок од 20 поени, 13 скокови и 10 асистенции. За Јокиќ ова беше осми трипл-дабл оваа сезона, а шести на последните 15 натпревари!

Оваа победа уште повеќе добива на тежина ако се земе предвид дека е соборен рекорд на тимот од Коларадо за кој ова е најдобриот старт во нивната историја. Никогаш претходно не им се случило после 50 натпревари да имаат 35 победи.

Денвер подобро влезе во натпреварот, но не успеваше да направи посериозна разлика. На полувремето Њу Орлеанс тоа го искористи и замина со предност од 56:53. Сепак, во вториот дел следуваше серија од 10:0 со што Наџентси ја вратија предноста. Завршницата беше неизвесна. На една минута пред крајот домаќинот имаше предност од 100:99, но потоа Јокиќ со четири врзани поени донесе победа за својот тим.

Покрај Јокиќ во тимот на Денвер ефикасни беа Малик Бизли со 22 поени, Херис со 20, доддека Пол Милисап уфрли 13 поени и запиша осум скока. Кај Њу Орлеанс Џру Холидеј беше најефикасен со 22 поени.

Далас на Лука Дончиќ стигна до победа на гостински терен против Њујорк Никси. Дончиќ одново беше на високо ниво и оствари учинок од 16 поени, пет асистенции и осум скокови.

НБА резултати:

Бостон – Шарлот 126:94

Њујорк – Далас 90:114

Мајами – Чикаго 89:105

Вашингтон – Индијана 107:89

Њу Орлеанс – Денвер 99:105

Минесота – Мемфис 99:97

Сакраменто – Атланта 135:113

Портланд – Јута 132:105

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…