Француската јавност е шокирана со веста за смртта на познатиот судија Јохан Хамел.
Хамел починал откако добил мозочен удар за време на тренинг и набрзо починал. 42-годишниот судија не беше помеѓу судиите во Катар и паузата сакал да ја искористи за подобро да се спреми. Вчера како и многу пати претходно излегол на тренинг, меѓутоа набрзо му се слошило и се срушил на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лекарите интервенирале, меѓутоа можеле само да ја потврдат cмртта која настанала како последица од мозочен удар. Веста беше потврдена и од француската судиска организација.
Изминатиов викенд тој беше дел од судиската екипа на пресметката помеѓу ПСЖ и Оксер кој „светците“ го добија со 5:0, на овој дуел беше главен во ВАР собата. Последен пат на теренот беше на пресметката помеѓу Лил и Рен на 6. ноември.