Дома Фудбал Италија Шок за Росонерите: Големото засилување половина година надвор од терените

Шок за Росонерите: Големото засилување половина година надвор од терените

Милан синоќа се извади за тешкиот пораз од Лацио во изминатото коло од Серија А, со победата над Австрија Виена во Лига Европа. Сепак, по високата победа во Виена стигнаа лоши вести за Росонерите, бидејќи Конти ќе мора да замине на подолга пауза.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Конти во Милан пристигна ова лето како големо засилување, а неговиот трансфер чинеше 27 милиони евра. Тој неодамна заработи повреда на скочниот зглоб, а иако на „Сан Сиро“ се надеваа на брзо закрепнување, тоа сепак нема да се случи.

Младиот дефанзивец скочниот зглоб го повреди настапувајќи за репрезентацијата на Италија на дуелот против Израел. Сепак, сите очекуваа неговот брзо враќање бидејќи почна да тренира со екипата. Меѓутоа, италијанските медиуми сега носат шокантни информации.

Имено, 23-годишниот Контина денешниот тренинг ги скинал лигаментите на коленото, па пред него претстои пауза од 6 месеци.

Милан се уште официјално не се огласил за неговата повреда, и тоа сигурно ќе биде познато по деталните лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…