Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Денис Шрудер одигра одличен натпревар против Сан Антони Спарс, но потоа доживеал непријатност затоа што бил yaпсен од страна на американската полиција.
Додека се враќал кон својот дом полицијата го запрела неговиот автомобил под сомневање дека бил украден, па плејмејкерот на Лејкерс морал да излезе од возилото, а му биле ставени и лисици на рацете.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во меѓувреме неговиот пријател кој го возел автомобилот бил принуден да легне на земја. Непријатниот случај го потврди и самиот Шрудер.
„Не знаев што се случува. Бев опколен од 20-30 полициски автомобили. Како да апcaт некој голем криминалец. Такво нешто претходно имав видено само на филм“, изјави Шрудер.