Дома Топ вести ШОК за Атлетико: Облак сака да си замине од клубот!

ШОК за Атлетико: Облак сака да си замине од клубот!

Атлетико Мадрид ова лето веќе остана без две големи ѕвезди, откако Диего Годин и Антоан Гризнам најавија заминување.

Меѓутоа, „јорганџиите“ доживеаа нов шок откако голманот Јан Облак му соопштил на раководството дека сака ова лето да го напушти клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенецот побарал да си замине од клубот иако пред неколку месеци го продолжи договорот затоа што управата прекршила некои правила околу неговата иднина.

Најблиску до Словенецот во моментов е Манчестер Јунајтед, кој иако нема да игра во Лигата на шампионите, ќе му ја исполни желбата на Облак да игра во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ бараат замена за Давид де Геа кој одбива да го продолжи договорот и е на добар пат да се пресели во ПСЖ.

Во април, Облак го обнови договорот со „јорганџиите“, но во него има откупна клаузула од 120 милиони евра, па доколку некој клуб се согласи да ја плати воопшто не мора да преговара со Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…