Дома Фудбал Репрезентации Шок за Аргентина: Скалони најави заминување!

Шок за Аргентина: Скалони најави заминување!

По натпреварот кој го одбележаа инциденти и победата на Аргентина над Бразил, Лионел Скалони ги изненади Аргентинците најавувајќи заминување од клупата.

Скалони одлично ја води Аргентина, им го донесе мундијалскиот трофеј во Катар, а селекцијата игра одлично и во квалфиикациите за наредното Светско првенство (2026).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, како што вели Скалони притисокот врз него да продолжи да го одржи тимот на вакво високо ниво е преголем. За својата иднина тој веќе разговарал со фудбалерите и претседателот.

„Во оваа прилика би сакал да кажам една важна работа. Морам многу да размислам во овој момент, треба да одлучам што ќе правам и каков ќе биде мојот следен потег. Не е мое заминување, меѓутоа морам да размислам на иднината.

Границата е поставена многу високои и тешко е да продолжите да победувате. Нашите играчи заслужуваат селектор кој секогаш ќе носи со себе максимална енергија. Ова им го кажав на фудбалерите и претседателот“, изјави Скалони.

Интересно е што по ваквото обраќање Скалони не дозволи новинарите да му поставуваат прашања, туку стана и си замина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Судењето на македонските фудбалски терени викендов било без грешка!

На натпреварите од 29 коло од 1 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа. Судиска ком…