Дома Фудбал Шок во Шпанија: Пике пати од мистериозна болест!

Шок во Шпанија: Пике пати од мистериозна болест!

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике, пати од мистериозна болест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерите на Каталонскиот клуб беа слободни во понеделникот и вторникот, а Пике не тренираше ниту во средата и четвртокот. Денес се појави во тренинг центарот, но повторно не тренираше.

Од Барселона порачаа дека Пике не се чуствува добро, но шпанските медиуми сметаат дека се работи за мистериозна болест. Некои медиуми пишуваа дека Пике пати од од омалаксаност или некој вид на вирус, па се очекува некое време да биде надвор од терените.

Најверојатно дефанзивецот ќе го пропушти натпреварот против Лас Палмас кој се игра во недела. Да потсетиме дека Барселона и Реал Мадрид водат „мртва” трка за шампионската титула во Шпанија, но каталонците во овој момент се принудени да чекаат кикс на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку го напушта Наполи и се сели во Турција

Ромелу Лукаку е пред нов предизвик во кариерата, откако белгискиот голгетер постигна догов…