Дома Топ вести Шок во Каталонија: Меси не сака да го продолжи договорот со Барса!

Шок во Каталонија: Меси не сака да го продолжи договорот со Барса!

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси нема намера да го продолжи договорот со каталонскиот клуб, тврди мадридскиот венсик „Марка“.

Аргентинецот има сигурна соработка со каталонскиот гигант до 2018 година, а шпанскиот весник тврди дека сигурно нема да остане на „Ноу Камп“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Извори на весникот тврдат дека Аргентинецот ја донел оваа одлука во текот на летото, кога бил на одмор со своето семејство бидејќи му е потребен нов предизвик во кариерата.

Тој му порачал на својот татко и еден човек од опкружувањето да го информираат раководството на Барселона за тоа. Меси дури не ја исклучува варијантата да игра за друг тим пред истекот на договорот, кој е до летото 2018 година.

Дури и претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу бил запознаен со одлуката на Меси, а по првичиот шок, првиот човек на клубот го советувал Аргентинецот да не брза и да размисли добро пред неговото конечно решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…