Дома Фудбал Англија Шок во европскиот фудбал: Гвардиола може да го напушти Сити – кога сака!?

Шок во европскиот фудбал: Гвардиола може да го напушти Сити – кога сака!?

Како што сега стојат работите еден од најголемите тренери на сите времиња, Пеп Гвардиола би можел да го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната.

Наводно, кога Манчестер Сити и Пеп Гвардиола (48) минатата година потпишаа продолжување на соработката до 2021 година во новиот договор била додадена клазула според која Пеп може да замине кога сака, пишува „Дејли Мејл“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Сити секако се надеваат дека Пеп нема да ја активира клазулата и ќе го испочитува договорот.

Некои медиуми пишуваат дека Пеп може да си замине и во јануари бидејќи како и што самиот неодамна даде неочекувана изјава дека борбата за титулата е завршена (Ливерпул после 16 кола има 14 бода повеќе). Сепак вакво нешто баш и не изгледа реално, затоа што „граѓаните“ се во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Гвардиола во Сити пристигна во 2016 година и од тогаш освои две англиски титули, еден ФА куп, два Лига купа и Суперкупа, но во Европа Пеп не освоил ниту еден трофеј уште од кога замина од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Онана му подари гол на Плзен, но Јунајтед победи

Манчестер Јунајтед ја забележа својата трета победа во Лига Европа откако направи пресврт …