Дома Фудбал Останато Шокантно откритие на Платини: Светското првенство во Франција беше „наместено“

Шокантно откритие на Платини: Светското првенство во Франција беше „наместено“

Поранешниот претседат на УЕФА, Мишел Платини во разговор за француските медиуми призна дека Светското првенство 1998 година било наместено за „триколорите“ и Бразил да се сретнат дури во финалето.

Легендарниот Французин кој беше еден од челниците на организирањето на Мундијалот, призна дека се послужиле со „трик“ и откри дека секој домаќин на СП го прави истото.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога го организиравме календарот на натпреварувањето намравивме мало лукавство. Ако завршиме први во групата, а исто и Бразил да не можиме да се сретнеме до финалето. Не работевме напорно шест години, а да пропуштиме да направиме мал маневар. Кога сте домаќин тогаш може да правите такви работи. И останатите го прават тоа“, откри Платини.

На Светското првенство во Русија единствено домаќинот однапред беше сместен во Групата А. Во Франција 1998 година Бразил беше сместен во Групата А, а Франција во Групата Ц, па како победници на групата не можеа да се сретнат до финале.

На крајот така и се случи, Франција славеше во финалето со 3:0, па „триколорите“ ја освоиа својата прва титула светски шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тренерот на Тотенхем: 99% од фановите сакаат да загубиме од Сити

Тренерот на Тотенхем, Постекоглу, не може да поверува дека 99 проценти од фановите на него…