Дома Фудбал Останато Шокантно откритие: Ми нудеа куфер со пари да го продадам финалето во Бари

Шокантно откритие: Ми нудеа куфер со пари да го продадам финалето во Бари

Легендарниот голаман голман на Црвена Звезда, Стеван Стојановиќ откри шокантни детали од финалето во Лига на шампиони од 1991 година.

Црвена Звезда во финалето го победи Марсеј после изведувањето на пенали, а одлучувачкиот пенал го постигна Дарко Панчев.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стојановиќ три децении подоцна открива дека му нуделе голема сума на пари за да го „продаде“ финалето кое се играше во Бари.

„Интересна увертира имав пред финалето во Купот на европските шампиони во Бари. Сакаа да го купат натпреварот и ме одбраа мене. Знаеја дека голманот е последната пречка. Никогаш не помислив дека некој е подготвен такво нешто да ми понуди, Кога го добив повикот, ми рекоа дека имаат нешто за мене. Мислев дека ме бараат на разговор за нов клуб бидејќи имав дозвола од Црвена звезда на крајот од сезоната да заминам во странство“, открива Стојановиќ.

„Бев со Роберт Просинечки, пиевме кафе. Кога заминав со нив во соба и кога ми го покажаа коферот, не ми беше добро. Тоа беа многу пари, но не потклекнав. Сите тие беа наши луѓе, но најмени од Французите. Воопшто не се возбудија кога ги одбив. Знаете што ми рекоа? Не мораш да ги земеш парите, но ние ќе кажеме дека си ги земал и се ќе излезе во весниците. Како и да заврши натпреварот ти ќе бидеш виновен.  Јас не се согласив на уцената, а потоа никогаш не ги видов тие луѓе“, заврши српскиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тандемот на Реал функционира перфектно: Белингам му кажа на Винисиус каква топка сака и гол падна по 30 секунди! (Видео)

Реал Мадрид ја победи Аталанта на гости со 3:2 и така ја прекина низот од два пораза во Ли…