Во последно време медиумите често шпекулираат дека постои нетрпеливост помеѓу Погба и Жозе Мурињо, а после денешниот потег на Португалецот тие сигурно ќе се засилат.
Имено, англиските медиуми пренесуваат дека Погба ќе остане на клупата за резерви на вечерашниот меч против Севиља во Лигата на шампиони.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
На негово место во стартниот состав ќе се најде младиот Скот МекТомини, кој во последно време се почесто добива шанса од Мурињо.
„Специјалниот“ во неколку наврати јавно ја критикуваше играта на Погба, но изоставањето во вака важен натпревар, само ги подгрева шпекулациите дека постои конфликт помеѓу нив двајцата.