Додека целиот свет тагува по загубата на една од најголемите легенди воопшто во спортот, Коби Брајант во САД започнуваат да развиваат теории на заговор.
Раперот Хок познат како Принц Силенто на својот твитер профил објави дека падот на хеликоптерот во кој загина Брајант не било несреќа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Коби Брајант е жртва на црната индустрија. Исто така се обидоа да се ослободат од мене, јас ја избегнав стапицата, но тој не успеаа. Во оваа валкана индустрија не треба да му се верува на никој“, стои во твитот на Силенто кој крена прашина.
Овој твит раперот го објави неполни 24 по трагедијата.
Инаку станува збор за релативно познат рапер кој со неговиот хит „Гледај ме“ се искачи на третата позиција на Билборд Хот 100 листата во САД.