Дома Фудбал Шокантен потег на Лампард: Го вклучи Чех во тимот за Премиер лигата

Шокантен потег на Лампард: Го вклучи Чех во тимот за Премиер лигата

Тренерот на Челзи, Френк Лампард се одлучи на шокантен чекор и го вклучи Петр Чех во тимот за Премиер лигата.

Чех е вклучен на списокот од 25 фудбалери, кои секоја екипа мора да го пријави за мечевите од англиската елита и тоа како четврти голман, зад Кепа Аризабалага, Едуард Менди и Вили Кабалеро.

38-годишниот поранешен голман од минатата година е дел од директорскиот персонал во Челзи, а се пензионира во 2018 година.

Од Челзи потврдија дека Чех неколку недели тренирал со тимот, па Лампард одлучил да го пријави во тимот за Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бриж застана на врвот: Леко го повтори стартот од шампионската сезона

Со три гола пред паузата, Бриж го скрши Зулте Варегем и славеше со 4:2. Тимот на Иван Леко…