Дома Македонски спорт Мак фудбал Шкендија спрема трансфер „бомба“ – Агим Ибраими?!

Шкендија спрема трансфер „бомба“ – Агим Ибраими?!

agim ibraimi

Порталот на албански јазик „Инфоспорт“ најави вистинска „бомба“ во македонскиот фудбал – Агим Ибраими би можел да ја засили Шкендија.

Во овој момент Ибраими е член на Домжале, а најдобрите денови од кариерата ги помина во Марибор со кој беше учесник и во Лигата на шампионите. Дресот на Шкендија го носеше во 2005 и 2006 година и во тој период запиша 49 настапи.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што тври „Инфоспорт“, Ибраими е блиску до потпис со Шкендија, а како причина се наведува тешката повреда на Марјан Радески. Покрај Радески кај Шкендија повредени се уште Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор.

Освен Марибор и Домжале, Ибраими во својата кариера настапуваше за Астана, Каљари, Нафта и Олимпија.

Дресот на македонската репрезентација го носеше 39 пати и на своето конто има седум погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…