По завршувањето на сезоната во ПМФЛ оставка од клупата на Шкендија поднесе Ќатип Османи..
Османи е човекот кој во минатото ги донесе најголемите успеси на Шкендија. Во изјава за клупскиот сајт по денешниот натпревар против Работнички Османи се заблагодари и потврди дека си поднесува оставка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Игравме со комбиниран тим и сепак мислам дека ја заслуживме победата. Мислам дека секогаш може подобро. Но, она што е поважно во овој момент е дека ова беше последен натпревар за мене како тренер на Шкендија. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Ја имав оваа година, почнувајќи од економистите, медицинскиот персонал, техничкиот персонал, раководството, јавноста, „Балистите“ и можеби уште поважно компанијата „Еколог“ која континуирано со години инвестира во овој тим за да изгради европски клуб“, изјави Османи.
Набрзо по изјавата на Османи, Шкендија потврди дека ја прифаќа оставката и во наредниот период ќе се фокусира на пронаоѓање на нов стратег.