Денес три македонските претставници играа квалификации во Лига Европа, а два претставника обезбедија пласман во следното коло.
Најголемиот подвиг го направи Ренова која славеше во Ереван над Алашкерт со 0:1. Голот за победа беше дело на Мишковски во 58-та минута, откако одлично се снајде во казнеиот простор после еден корнер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шкендија запиша убедлива победа против Самгајт со 2:0. Клубот од Тетово доминираше уште од самиот старт, но во првото полувреме мрежите мируваа.
Во вториот дел Ибраими во 56-та минута го отвори резултатот и најави победа на Шкендија. Победата ја потврди Дориев во 89-та минута.
Шкупи го заврши настапот во Лига Европа откако беше поразен на од Нефчи во Азербејџан со 2:1. Тимот од Чаир има за што да жали бидејќи промаши неколку доби шанси при резултат 0:0.
Нефчи поведе во 67-та минута, а неколку минути подоцна Шкупи остана без Умар, кој доби црвен картон. Веднаш потоа Кривотсјук зголеми на 2:0, а почесниот гол за Шкупи го постигна Дембо Дарбо во третата минута од судиското надполнување.