Фудбалерот на Шкендија, Мевљан Мурати според најавите вториот дел од сезоната ќе го помине на позајмица во Ренова.
Поранешниот младински репретативец на Македонија според договорот кој го имаат двата тетовски клуба ќе остане во клубот до крајот на сезоната. Во кариерата Мурати помина една сезона во Шкупи, а имаше искуство и со играње во Албанија во дресот на Партизани.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Шкендија Мурати е од 2016 година, а Ренова ќе биде неговиот трет тим за кој ќе настапува. Во овој преоден рок Шкендија покрај Мурати ја напуштија: Ќамир Ќака, Арменд Алими и Рубин Хебај.