Дома Фудбал Англија Ширер: Ако се прекине лигата, зошто Ливерпул да биде шампион?

Ширер: Ако се прекине лигата, зошто Ливерпул да биде шампион?

Легендарниот англиски напаѓач, Алан Ширер, го коментираше суспендирањето на Премиер лигата поради коронавирусот.

Тој не се сложува на лидерот на табелата Ливерпул да му се додели трофејот административно.

„Не можете да добиете победник и губитник доколку сезоната не заврши. Без разлика колку е сурово и страшно тоа да звучи за некои клубови, особено за Ливерпул, ова е единствениот излез. Ако не можете да ги одржите сите натпревари, не можете да одите и да дадете титула или да одредите кој треба да испадне“, изјави Ширер.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


„За Ливерпул, тоа би било неверојатно сурово. Но, не гледам опција во која тие искрено можат да ја добијат титулата, дури и ако се земе предвид дека никој веројатно нема да може да ги стигне. Потребни им се само шест бода за да го обезбедат трофејот, но се уште ги немаат тие бодови на своето конто. Сезоната мора да се прогласи за неважечка“, заклучи Ширер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најмалите стадиони на кои следната сезона ќе се игра Лига на шампиони📷

Од сезоната 2024-25 стартува нова ера во Лигата на шампионите. Форматот ќе се менува и пов…