Дома Фудбал Англија Шефилд Ј. – Арсенал: „Топџиите“ ја прекинуваат црната серија!?

Шефилд Ј. – Арсенал: „Топџиите“ ја прекинуваат црната серија!?

Арсенал вeчерва патува кај Шефилд Јунајтед во Премиерлигата и ќе ја брка својата прва победа по еден месец. И Шефилд нема победа веќе еден месец забележувајќи четири порази во серија со што практично екипата е веќе испадната во англиската фудбалска елита.

Арсенал без победа месец дена

Првата целосна сезона на Арсенал под водство на Микел Артета може да се сумира во последните 10 минути од четвртфиналниот натпревар на Лига Европа со Славија Прага во четвртокот кој заврши 1:1.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Топџиите беа фрустрирани пред конечно на крајот да постигнат гол преку Никола Пепе во 86-та минута. Кога сите очекуваа крај на мечот Томас Холс постигна гол во 94-та минута за конечни 1:1. Тоа ги остава момците на Артета во независна позиција пред патувањето во Прага.

Завршувањето на едно од местата кои водат во Европа во Премиер лигата веќе не доаѓа во предвид по ремито со Вест Хем и поразот од Ливерпул во последните два натпревари.

Арсенал е позициониран точно на средина од табелата и е на седум бода од пласман во Лигата на Европа на само осум натпревари до крајот.

Неделното патување до Брамал Лејн претставува голема можност да се врати тимот на победничките патеки, а Артета е свесен дека освен победа се останато ќе биде дополнително разочарување.

Шефилд веќе размислува на Чемпионшип

Испаѓањето на Шефилд се уште не е официјално потврдено, но петтиот пораз по ред викендов ќе ја запечати сезонава.

Тимот на Пол Хекингботом успеа барем да постигне гол, откако тоа не успеа да го направи на три меча по ред, откако минатото коло со голот на Бен Озборн дојде до пораз од Лидс Јунајтед со 2:1.

На 30 натпревари имаат постигнато само 17 гола и со еден така очаен напад, неможе да се очекува ништо друго освен испаѓање. Шефилд има само 14 бода, а Њукасл кој е на последното место кое обезбедува опстанок бега со 15 бода. Тоа значи дека Шефилд за опстанок треба да освои повеќе бодови во последните осум меча, отколку што освои н аминатите 30 дуели.

Ситуацијата е очајна, а најдобрите фудбалери во екипата веќе размислуваат за трансфери што значи дека едвај го чекаат кракот на сезоната, знаејќи дека не можат да направат ништо повеќе сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …