Дома Фудбал Лига на шампиони Шест причини зошто Манчестер Јунајтед ќе биде незгоден противник за Барселона

Шест причини зошто Манчестер Јунајтед ќе биде незгоден противник за Барселона

Вчера во Нион беше одржан ждребот за четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Топчињата сакаа да силите во оваа фаза да ги одмерат Манчестер Јунајтед и Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овие два клуба се стари ривали и имаат големо минато во најелитното европско натпреварување. Барселона е фаворит во овој момент, но сепак шпанските медиуми, поточно „Марка“ испрати предупредувања зошто Манчестер Јунајтед би можел да биде незгоден противник за Барселона.

Реномираниот шпански медиум наброи шест причини зошто „црвените ѓаволи“ би можеле да бидат незгодни за Каталонците.

ПРЕДНОСТА ВО СКОК ИГРАТА

Манчестер Јунајтед има предност во воздушните дуели ако гледаме според височината на играчите. Смолинг и Матиќ се високи по 1.94 метри, Мектомини 1.93, а Погба и Лукаку 1.90. Меѓутоа ако ја погледнеме статистиката Манчестер Јунајтед не ја користи оваа условно кажано предност бидејќи во досегашниот дел од сезоната постигнаа пет голови со глава.

ГОЛЕМАТА САМОДОВЕРБА

Од самото доаѓање на клупата на Оле Гунар Солскјер може да се забележи дека сите играчи на Јунајтед „пукаат“ од самодоверба. На таквата ситуација се надополни и големата победа против Пари Сен Жермен во ситуација кога имаа 10 повредени играчи. Откако Солскјер е тренер на Јунајтед овој клуб има учинок од 14 победи, две нерешени и два порази.

ПОЛ ПОГБА

Французинот дефинитивно не е истиот играч кој беше под водство на Мурињо. Погба сега е вистински лидер на Манчестер Јунајтед. Ако претходно додека Мурињо беше тренер на 20 натпревари постигна пет голови и запиша четири асистенции, со Солскјер на 14 натпревари има учинок од осум голови и шест асистенции.

ОТВОРЕНИ ОПЦИИ ЗА ИГРАЊЕ СО КЛАСИЧЕН НАПАЃАЧ И ЛАЖНА ДЕВЕТКА

За што ќе се одлучи Солскјер останува да видиме во првиот натпревар. Оваа сезона кога играше со класичен напаѓач опција беше Лукаку кој во последно време е во одлична форма. Додека пак кога во нападот играше со „лажна деветка“ шанса добиваа Лингард и Рашфорд.

КОНТРАНАПДИТЕ

За очекување е поради фаворитската улога на Барселона Манчестер Јунајтед да се одлучи за игра преку контранапади. Ваквиот стил на игра на Манчестер Јунајтед беше препознатлив кога Алекс Фергусон беше тренер на тимот, а сега повторно одлично функционира со Солскјер на кормилото.

ДАВИД ДЕ ГЕА

И да за крај не можеа Шпанците да не го споменат Давид Де Геа кој сигурно е еден од најдобрите голмани во светот. Шпанецот неколку сезони наназа и покрај тоа што на Јунајтед не му одеше бранеше на највисоко ниво.

de gea

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…