Актуелниот македонски шампион тимот на Шкендија се избори за место во третото квалфикациско коло во Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шкендија во дешениот натпревар против Шериф одигра 0:0 што беше доволно за пласман во следната фаза после победата во првиот натпревар на домашен терен од 1:0.
Во третото коло Шкендија ќе игра против тимот на Ред Бул Салцбург.
Шкендија играше претпазливо, а тоа оставаше поголем просторна домаќинот да се заканува. Шериф беше подобриот противник, но за среќа избраниците на Ќатип Османи успеаа да ја сочуваат својата мрежа.
Најголемата шанса Шкендија да го реши прашањето на патникот во третото коло имаше во 54 минута кога Емини за малку беше непрецизен.
Првиот натпревар против Салцбург Шкендија ќе го игра на 14 август на „Филип Втори“ арената во Скопје.