Лино Червар и неговиот потег во натпреварот против Белорусија и понатаму се тема на коментари на бројни светски медиуми.
Да потсетиме, селекторот на Хрватска во последниот напад на Борусија одлучи со раце да го запре противничкиот ракометар. Белорусија во тој напад ја изгуби топката, а Копљар во следниот погоди за конечни 25:23.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По повод овој потег се јавија и шведските ракометари.
„Мене тоа ми го направи два пати во натпреварот против Хрватска. За среќа тоа нас резултатски не ни наштети. Јасно ми е дека ќе направи се за да победи, но сепак ова е премногу“, изјави бекот на Шведска Џим Готфридсон.
Потегот на Червар го коментираше и десното крило на Шведска Матијас Закринсон.
„За такво нешто морате да бидете исфрлени од Европското првенство. Таквите работи немаат врска со ракометот“, јасен беше Закринсон.