Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Шведска немаше сили за ново изненадување, Англија во свој стил до полуфинале (видео)

Шведска немаше сили за ново изненадување, Англија во свој стил до полуфинале (видео)

Англија ја оправда фаворитската улога против Швеѓаните, „Гордиот Албион“ е третиот полуфиналист на Мундијалот и ќе го чека својот противник од вечерашниот натпревар помеѓу Русија и Хрватска.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Герет Саудгејт, како и фаворити влегоа во натпреварот против Шведска, а на крајот и ја оправдаа таквата улога со победата од 0:2.

Двата гола Англичаните ги постигнаа на начин на кој се веројатно најопасни на Мундијалот, после центаршути.

До погодокот Англичаните стигнаа практично од првиот удар кон голот на Шведска. Ешли Јанг одлично го изведе корнерот во 30 минута, а највисок во шеснаесетникот беше дефанзивецот Мегвајер кој ја смести топката во мрежата на Швеѓаните.

До крајот на првиот дел следевме мирна игра без многу прилики за погодок.

Сличен беше текот и на вторите 45 минути, а крај на надежите на Шведска стави Деле Али со голот во 59 минута после одличното нафрлување на Џеси Лингард.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Mилан купи српски голман за милион евра кој нема ниту еден сениорски настап!

Младиот голман на ТСЦ, Илија Пантелин (18), ќе ја продолжи својата кариера во Милан, иако …