Репрезентацијата на Шведска во драматична завршница ја победи Шпанија и стана нов европски шампион.
Шведска се одмазди за поразот од Шпанија на ЕП 2018 и по 5-ти пат стана европски шампион.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Предводени од фантастичниот Екберг, Шведска од самиот почеток тргна одлично, но на пауза замина со еден негатива.
Кон средината на вториот дел успеаја да направат пресврт и да одржуваат плус еден но и да поведат со 26:24.
Последните минути беа драматични затоа што Шпанија израмни на 26-26 на минута пред крајот. Херој за Шведска беше Екберг, кој со гол од пенал погоди за победа од 27:26.
Екберг и Бергендахл беа најдобри во составот на Шведска со по пет погодоци, додека најефикасен кај Шпанија беше Абељо со шест гола.
💪 The winning goal for @hlandslaget 🇸🇪, by Niclas Ekberg#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/GUy2qxNVCz
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2022