Дома Останати Тенис Швајцарците го обвинија Ѓоковиќ дека лаже за операцијата

Швајцарците го обвинија Ѓоковиќ дека лаже за операцијата

Пред три недели Новак Ѓоковиќ мораше да го оперира менискусот и да се повлече од Ролан Гарос, а сега веќе тренира и го започна Вимблдон каде што славеше сигурна победа во првото коло.

Но, швајцарски медиум се сомнева во тоа дали српскиот ас е опериран.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Чудесно излекување на Новак Ѓоковиќ – сега и Србија го има коленото на нацијата“ е текстот на медиумот „Нојe Цирих цајтунг“, швајцарскиот медиум кој преиспитува дали Новак е навистина опериран.

На самиот почеток од текстот се поставува прашањето: Дали новак е навистина опериран или станува збор за блеф?

„Операциите на коленото се деликатни и тоа е познато ширум светот, не само во Швајцарија. Федерер во 2020 година го повреди менискусот додека ја бањаше својата ќерка, еден ден по поразот во полуфиналето од Ѓоковиќ. Мораше на операција и тоа беше почеток на крајот на неговата голема кариера“, се наведува во текстот.

Во текстот се пишува и за изјава на Божидар Маљовиќ кој на локалните медиуми наводно им пренел дека чичкото на Новак му пренел дека Ѓоковиќ не бил на операција.

По таа изјава на Маљковиќ, Ѓоковиќ и самиот се огласи и потврди дека е опериран, сепак швајцарскиот медиум се повика на таа изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ турнирот во Шангај ќе го стартува против тенисер со кој никогаш досега не играл

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ турнирот во Шангај ќе го стартува против тенисер со кој дос…