Дома Македонски спорт Мак ракомет Шампионската вечер на Еурофарм Пелистер во едно видео: Ечеше „Ако одам во Битола“, па се славеше големата победа 🎥

Шампионската вечер на Еурофарм Пелистер во едно видео: Ечеше „Ако одам во Битола“, па се славеше големата победа 🎥

Еурофарм Пелистер го победи Вардар во големото дерби во Битола со 26:23 и дојде на чекор од шампионската титула за која им се потребни победи во последните две кола.

Доминираше Пелистер во најголем дел од првото полувреме и по 25 минути имаа големи 13:8, а домаќините пропуштија и напад за плус шест. Тогаш Вардар се разбуди со тајм-аутот на Недановски и со серија од 5:0 се врати резултатски во игра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


На пауза се замина со 13:12 за „пелистерци“, а со голот на Манасков веднаш на стартот на вториот дел Вардар успеа да изедначи.

Од тој момент се до последните 20-тина минути од мечот се играше гол за гол. Потоа Вардар влезе во нова криза, а голем удел во добрата игра на домашниот имаше Лесјак кој беше одличен на голот.

Вардар сепак имаше уште еден налет и предводен од Јагуриноски, Талески и Георгиевски се врати на 21:20 во 50-тата минута. До крајот одново Пелистер беше подобар и обезбеди победа од три гола разлика.

Костески и Хосни беа први стрелци кај победничкиот тим со по шест гола, Талески кај Вардар постигна исто така шест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…