Екипата на актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје, славеше против Куманово вечерва на домашен терен, а Кумановци рамноправни беа само петнаесеттина минути кога имаа негатива само два поени.
Потоа МЗТ потполно ја презеде иницијативата на теренот и беше во постојана предност која на моменти изнесуваше дури и 21 поен позитива.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во последната четвртина кошаркарите на Куманово повторно заиграа малку подобро и ја добија последната четвртина со 11:16 со што го ублажија убедливото водство на домаќините што сепак на крајот, не беше доволно за било каков евентуален пресврт па на крајот домаќинот МЗТ со рутинска игра сосема заслужено стигна до својата дванаесетта победа сезонава.
Најефикасни кошаркари кај шампионот МЗТ беа американецот Џордан Крафорд со 21 и Бојан Трајковски со 16 постигнати поени, додека пак, кај Кумановци се издвои Бобан Стајиќ со 18 постинати поени.