Дома Фудбал Шампионката на УС Опен се огласи една недела подоцна: Ги откри зборовите на Серена

Шампионката на УС Опен се огласи една недела подоцна: Ги откри зборовите на Серена

Јапонката Наоми Осака која го освои овогодинешниот УС Опен кој помина во знакот на скандалите на Серена Вилијамс откри што Американката и кажала по мечот.

Наоми Осака минатата сабота го освои УС Опен откако во финалето ја победи Серена во два сета 6:2 и 6:4.

Нејзината победа остана во сенка на големиот судир кој Вилијамс го имаше со судијата Карлос Рамос кого во вториот сет го нарече „крадец“.

Во текот на церемонијата Осака доби свирежи од публиката кои беа прекинати по барање на Серена.

„Ми кажа дека е горда на мене и дека би требало да знам дека свирежите не се наменети за мене. Бев навистина среќна кога ми го кажа тоа. Во тие моменти помислував дека свирежите се упатени кон мене, бидејќи не знаев што се случува, бучавата беше преголема. Се беше помалку стресно“, изјави Осака

Трофејот на УС Опен беше прв Грен Слем во кариерата на Јапонката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Волтемаде го спаси Јувентус, па откри: За пеналот прво го прашав Коло Муани

Јувентус остана без победа против Рен (2-2), а Ник Волтемаде откри како ја презел одговорн…