Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.
Во дербито Торонто славеше во „Стејплс центарот“ против Лејкерси со 104:113 и така ја прекина серијата од седум победи во низа на Лејкерси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се водеше голема борба од самиот старт, а Лејкерси констатно беа во предност. Дури во завршницата на третата четвртина Рапторси сериозно се заканија и во последната четвртина се влезе со изедначен резултат 78:78.
Актуелните шампиони се разиграа во четвртата четвртина, погодуваа Сиакам и Ванвилт. На другата страна Леброн беше незабележителен во тие моменти и на крајот Лејкерси мораа да му честитаат на ривалот.
Сиакам беше најдобар во дресот на Рапторс со 24 поени, 11 скока и четири асистенции, Френ Ванвилт запиша 23 поени, седум скокови и 10 асистенции. Кај Лејкерси Ентони Дејвис го заврши натпреварот со 27 поени, осум скока, три асистенции и четири блокади, Леброн оствари трипл-дабл со 13 поени, 13 скокови и 15 асистенции.
Рапторси ја забележаа седмата победа во сезоната, трета во низа и се наоѓаат на второто место на истокот. Лејкерси го претрпеа вториот пораз и се втори на западот.
Jaнис Антетокумпо го предводеше Милвоки до победа на Оклахома од 121:119. Натпреварот Јанис го заврши со 35 поени и 16 скокови, Ерик Бледсо стигна до 25 поени, три скока и девет асистенции. Кај поразените Денис Шурудер уфрли 25 поени и запиша уште шест скока и пет асистенции.
НБА резултати:
Орландо – Индијана 102:109
Филаделфија – Шарлот 114:109
Oклахома – Милвоки 119:121
Њујорк Никси – Кливленд 87:108
Феникс – Бруклин 138:112
Портланд – Атланта 124:113 (после продолженија)
Лејкерси – Торонто 104:113