Голманот на Атлетик Билбао, 23-годишниот Кепа Аризабалага, стави крај на сагата околу својот потенцијалтен трансфер во Реал Мадрид, потпишувајќи нов договор со баскискиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Верноста со клубот од Баскија ја продолжи на големи 7 и пол години, а договорот содржи и откупна клаузула во износ од 80 милиони евра.
Кепа е убеден дека не згрешил со својата одлука:
„Многу сум среќен што ќе продолжам да играм овде, каде што е мојот дом. Овде сум веќе 15 години, се приклучив во Атлетико кога имав девет години“, изјави голманот, а кратко зборуваше и за потенцијалната понуда од Реал Мадрид:
„Оние кои ми се блиски и кои ме познаваат подобро знаат дека сум тип кој сака се да види пред да донесе одлука. Имаше неколку понуди, но одлучив дека најдоброто за мене е да останам во Атлетико на долго време“.