Дома Фудбал „Шакира е од сите нас“ – фановите на Еспањол казнети за транспарентот!

„Шакира е од сите нас“ – фановите на Еспањол казнети за транспарентот!

Фубдалскиот клуб Еспањол информира дека ги идентификувал и наложил санкции за група навивачи на овој клуб, кој во 2016 година извадија навредлив транспарент.

Имено, за време на каталонското дерби фановите извадија транспарент со кој го навредија дефанзивецот на Барса, Жерар Пике и неговата сопруга Шакира.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На транспарентот пишуваше: „Шакира е од сите нас“.

Извршниот директор на Еспањол, Жоан Колет се извини за непријатната ситуација, која во последните денови повторно беше актуелизирана.

„Жалиме за тоа што се случи и не го поддржуваме тоа. Ние дури не знаевме за транспарентот, со сигурност тој бил напишан внатре во стадионот за време на натпреварот“, изјави Колет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мудра игра на Арсенал ја зачува предноста од првиот натпревар и ги испрати лондончаните во полуфиналето

Арсенал ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампионите втора година по ред! Ова стана фак…