Дома Македонски спорт Мак ракомет Чупиќ сурово реален, во неколку минути ја раскажа тешката ситуација на Вардар!

Чупиќ сурово реален, во неколку минути ја раскажа тешката ситуација на Вардар!

Вардар денес изгуби од Монплеје, а после натпреварот Иван Чупиќ во неколку минути раскажа колку е тешка ситуацијата во клубот.

„Во последно време не играме добро и тоа е затоа што не можеме да одработиме квалитетен тренинг, немаме доволен ростер. Играме се до 40-45 минута, а тогаш проблемите излегуваат на површината. Веќе некое време тренираме со 5-6 играчи, тука се повредите, но и вирусот…Ни недостасува „она нешто“ кое е потребно во Лигата на шампионите, ние играме колку што можеме и тоа е тоа.“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Денес до 52-53 минута мислам дека бевме конурентни, но потоа тие направија промени и играчите од клупата ја направија разлика. Токму тоа е она што ни фали на нас. Ние сакаме, ние играме, ние сме победници, сепак сега сме шести во групата и мислам дека тоа е реалноста на Вардар во овој момент. Едноставно во спортот работата е таква – колку пари толку музика. Во последните три натпревари изгледавме подобро и тоа веројатно е благодарение на Кизиќ кој е фантастичен.“.

На крајот и призна дека сите и покрај сите проблеми го сонуваат Келн (фајнал фор) и оваа година.

„Јас сакам да одам со овој тим во Келн, сите го сонуваме тоа, реално е тешко. Сепак, ние додека не изгубиме нема да се предададеме. Ќе признаам денес не изгуби Вардар, изгубив јас. Промашив зицери со кои можевме да победиме“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Чаби Алонсо блиску да влезе во одбрано друштво: Ова во 21. век им успеало само на уште двајца тренери

Шпанскиот стратег Чаби Алонсо водејќи го Баер Леверкузен неодамна ја обезбеди титулата во …