Чуден резултат беше забележан во српското ракометно првенство.
ЖРК Темерин на домашен терен против ЖРК Равангард на 30. април во рамките од Првата лига на Војводина славеше со 86:15, додека на полувремето беше 43:5. Првиот дуел во шампионатот помеѓу овие две екипи заврши со нормален резултат 33:19.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Што се случи сега?
Равангард за овој натпревар имаше само седум ракометарки, но тоа можеби не е единствената причина. Темерин се бори со Рум за пласман во повисок ранг, ќе одлучува гол-разликата затоа што двата нивни меѓусебни дуели завршија со нерешен резултат.
Рум пред ова кола имаше значајно подобра гол разлика и тоа за 58 бодови, но таа разлика сега значително е намалена иако овој тим славеше против Мокрин со 47:18. Сега таа разлика изнесува само 16 голови, а до крајот на сезоната има уште две кола.