Милан го контролираше натпреварот околу еден час имаше голема прилика во Торино, но кога заигра Јувентус следуваше пресврт.
За Милан ова беше важен натпревар бидејќи се бореа за Лигата на шампионите, но Алегри настапи со комбиниран состав, иако имаше и неколку првотимци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Беше јасно дека Милан влезе подобро во натпреварот, веќе во втората минута Пјонтек пропушти одлична прилика, Јувентус поретко креираше шанси.
Главниот судија Фабри се консултираше со ВАР, топката после еден центаршут го погоди во рака Алекс Сандро, но според своето судиско убедување Фабри процени дека играта со рака на Бразилецот не била намерна.
Милан после неколку минути стигна до заслужената предност, погреши Бонучи, како и Бентакур, Бакајоко ја пресече топката во опасната зона и испрати пас кон полскиот напаѓач кој лесно го матираше Шчесни.
Манџукиќ имаше одличен шут со ножички, но неговиот удар го одбрани Реина.
„Росонерите“ продолжија да создаваат прилики пред голот на „старата дама“, а кога ги пропуштија следуваше казна. Паоло Дибала беше срушен во шеснаесетникот и домаќините добија пенал. Аргентинецот сигурно ја реализираше најсторгата казна.
Алегри тогаш на терен ги испрати Миралем Пјаниќ и Моис Кин. Само што влезе во игра Кин пропушти одлична прилика. Меѓутоа беше забележително дека Милан паѓа,
Јувентус се полесно ја пробиваше одбраната. Тогаш после грешката на фудбалерите на Милан на околу 40 метри од голот, Моис Кин влезе во нова прилика и овој пат беше прецизен.
Јувентус со оваа победа создаде предност од +21 во однос на Наполи, а ако утре Џенова го победи Наполи „старата дама“ и официјално ќе го прослави новото Скудето.