Ламине Јамал синоќа стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона на само 15 години и 285 дена.
Барселона славеше со 4-0 против Бетис, а тренерот Чави Ернандез реши да му даде шанса на 15-годишното момче, кое за малку ќе постигнеше гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неговиот најдобар момент се случи во 89-та минута, кога со фантастично додавање го пронајде Осман Дембеле.
Чудото од дете на Барселона одигра забележителна улога во неговите десет минути на „Камп Ноу“. Тој тој го собори рекордот кој 101 година го држеше Арманд Мартинез Саги, кој дебитираше за Барселона во 1922 година кога беше два месеци постар од денешниот Јамал.
Lamine Yamal ( 15 ans ) vs Real Betis pic.twitter.com/yhM8iF1E7y
— 𝐀𝐁𝐃𝐎𝐔 🇲🇦🇳🇱 (@MarshallFCBB) April 29, 2023