Само неколку дена по големиот успех најавена е голема промена.
Шефилд Јунајтед обезбеди враќање во Премиер лигата на три кола пред крајот на Чемпионшип, но во наредните денови би можеле добијат промена во раководната структура.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сопственикот на клубот од северот на Англија, принцот Абдулах бин Мусаид, планира да го продаде клубот.
Бин Мусаид постигнал договор со нигерискиот бизнисмен Дози Мобуси според кој би профитирал 115 милиони фунти, но таа соработка пропадна. Сега на големо се бара нов купувач, а челниците на англискиот клуб се надеваат дека тој ќе биде пронајден пред почетокот на новата сезона.
„Ако дојдеме до одлука, сакам тоа да биде припрема за наредната сезона. Доколку останеме тука ќе го водиме најдобро што можеме. Мојата намера е да го продадам, но ништо не е гарантирано“, изјави Бин Мусаид.
Шефилд беше шампион на Англија во далечната 1987/1988.