Дома Останати Кошарка НБА Чудесен трипл-дабл на Пол Џорџ, трипл-дабл и на Јокиќ – Денвер конечно победи, Харден подобар од Дончиќ (ВИДЕО)

Чудесен трипл-дабл на Пол Џорџ, трипл-дабл и на Јокиќ – Денвер конечно победи, Харден подобар од Дончиќ (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа повеќе натпревари.

Кошаркарите на Денвер конечно ја прекинаа црната серија и од три порази во низа. Денвер славеше победа против Мајами Хит со 103:87.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Никола Јокиќ како и вообичаено одигра одличен натпревар, но после подолго време имаше повеќе изгубени топки отколку асистенции. Јокиќ уфрли 23 поени, запиша 12 скокови, четири асистенции и седум изгубени топки.

Најефикасни покрај Јокиќ во Денвер беа Бизли со 23 поени, Монте Морис имаше 17, а Мејсон Планил 11. Двоцифрен беше уште Мареј со десет поени.

Винслоу се обиде да направи разлика во Мајами со 15 поени, Џонсон имаше 14, а Ричардсон 12. Денвер сега има скор од 38:18 и ја држи втората позиција на Западот, додека Мајами е на деветтата со 25:30.

Далас запиша пораз на гостувањето кај Хјустон кој одново беше предвоен од Џејмс Харден. Харден уфрли 31 поен и доаде седум асистенции и осум скокови. Во редовите на Далас ЛукаДончиќ стигна до дабл-дабл со 21 поен, осум асистенции и 10 скокови.

https://www.youtube.com/watch?v=SWyVu9GMuHU

Пол Џорџ одигра фантастичен натпревар во победата на Оклахома против Портланд од 120:111.

Џорџ играше чудесно и натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од дури 47 поени, 12 скокови и десет асистенции. Вестбрук исто така запиша трипл-дабл со 21 поен, 14 скокови и 11 асистенции.

НБА резултати:

Кливленд – Њујорк Никси 107:104

Детроит – Вашингтон 121:112

Индијана – Шарлот 99:90

Торонто – Бруклин Нетс 127:125

Чикаго – Милвоки 99:112

Хјустон – Далас 120:104

Минестоа – ЛА Клиперс 130:120

Оклахома – Портланд 120:111

Денвер – Мајами 103:87

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Артета: Размислувам за враќање во Шпанија

Шанса да ја освои титулата сезонава има и Арсенал со Микел Артета, а трката ќе биде отворе…