Дома Останати „Чував стража пред тоалетот додека внатре беа Тајсон и Наоми Кемпбел“

„Чував стража пред тоалетот додека внатре беа Тајсон и Наоми Кемпбел“

Поранешниот менаџер и пријател на Мајк Тајсон, Рори Холвеј, тврди дека славниот боксер во минатото бил слаб на припадничките на понежниот пол.

Во својата книга Холвеј откри некои интересни детали од животот на славниот боксер, па уште еднаш го потврди она што и јавноста го знаеше – жените беа негова слаба точка.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Знаев дека во рингот никој не може да го запре. Тој единствено можеше да падне поради неговата слабост кон жените. Неговите одлуки никој не можеше да ги промени, а сите беа поврзани со жените“, изјави Холвеј и додаде:

„Една вечер се зачудив кога го видов со Наоми Кемпбел. Во еден момент ми кажа дека мора да оди до тоалет, а по него влезе и таа. Јас морав да стојам и да чувам стража пред тоалетот со нивните кучиња и на сите да им кажувам дека тоалетот е зафатен“, наведе тој.

Тајсон поради славата и парите можеше да ги бира жените со кои ќе спие, но едно време помина во затвор поради сил*вање на Десаира Вашингтон.

„Дојдов да го посетам, а чуварите ми кажаа дека не можам да дојдам до него затоа што девојките стоеле во ред за да го видат. Во затворот имаше повеќе жени отколку кога беше надвор“, смета Холвеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…