Дома Фудбал Франција „Чорапите на Меси имаат поголема историја од ПСЖ – бидете среќни што заиграл за вашиот клуб“

„Чорапите на Меси имаат поголема историја од ПСЖ – бидете среќни што заиграл за вашиот клуб“

Лионел Меси беше суспендиран од ПСЖ поради заминувањето во Саудиска Арабија, а таквиот потег на Аргентинецот донесе и незадоволство кај навивачите.

Навивачите искажаа револт и се собраа пред стадионот каде што го навредуваа. По ваквиот однос на фановите на „светците“ се огласи Роналдињо кој застана во одбрана на Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не можам да разберам како можат да му свират на Меси. Ако му свират на најдобриот играч во светот, на кого ќе му аплаудираат?“, праша славниот Бразилец.

По него со интересен заклучок се огласи и шпански новинар.

„Не би сакал да бидам погрешно разбран, но менаџерите и сите во ПСЖ мораат да го почитуваат Меси. Неговите чорапи имаат поголема историја од ПСЖ. Бидете благодарни што заигра за ПСЖ“, изјави новинарот Кристобал Сорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …