Крис Смолинг овие денови е во центарот на вниманието поради изјавата за Лионел Меси, а потоа и начинот на кој го чуваше Аргентинецот.
Смолинг пред натпреварот изјави дека Меси има слабости кои само тој ги знае и навистина изгледаше дека пронајде начин да го запре Аргентинецот бидејќи тој не успеа да постигне гол на „Олд Трафорд“, но заврши и со раскрварено лице.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во тој момент не сфатив дека го удрив толку силно. И Меси знае дека тоа беше во жарот на борбата. После натпреварот Суарез дојде до мене, ми пружи рака и ми кажа: Среќно. Убаво е кога се борите на теренот, а имате почит кога натпреварот ќе заврши. На крај сите само сакате да дадете се од себе за да победите“, изјави Смолинг.
Манчестер Јунајтед сега оди на реваншот на „Ноу Камп“ со заостанување, но англискиот дефанзивец не губи надеж.
„Знаеме дека тоа е можно. Ако можеме да ја повториме играта од второто полувреме од првиот натпревар, тогаш имаме шанси. Мораме да отидеме таму без респект и да одиграме на високо ниво“, додаде дефанзивецот.
Во поголемото интервју Смолинг се потсети и како потпишал за Манчестер Јунајтед во 2010 година.
„Игравме во Блекбурн и го напуштав теренот кога тренерот на Фулам, Рој Хоџсон ми кажа дека ја прифатиле понудата од Манчестер Јунајтед. Сер Алекс доаѓа во хотелот за 45 минути, ми кажа Рој. Се изгледаше нереално и како бајка. Не знаев што да направам, сакав веднаш да им кажам мајка ми и брат ми. Бев премногу среќен. Веднаш и се јавив на мајка ми и додека бев така шокиран и кажав: Тој доаѓа по мене за 30 минути. Не можам да се сетам на неговите први зборови, но разговаравме 90 минути. Тој е гениј, се чуствував навистина пријатно. Знаеше се за мене“, откри Смолинг.