Дома Фудбал Англија Човекот кој им ги сруши соништата: Не ми беше жал ниту за Ливерпул, ниту за Џерард

Човекот кој им ги сруши соништата: Не ми беше жал ниту за Ливерпул, ниту за Џерард

Ливерпул оваа сезона е во борба со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата на која чека скоро 30 години.

За навивачите на Ливерпул трофејот во Премиер лигата е повеќе посакуван од оној во Лигата на шампионите.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Црвените“ до самиот крај ќе водат жестока трка со Манчестер Сити за титулата шампион и се надеваат дека конечно ќе го срушат проклетството и ќе ја освојат долгоочекуваната титула.

На чекор од титула Ливерпул беше во 2014 година кога имаа се во свои раце, но се упропастија во натпреварот против Челзи кој го играа на домашен терен. Овој натпревар се играше на 28-ми април 2014 година и ако Ливерпул победеше ќе славеше титула.

Меѓутоа Ливерпул на најболен можен начин останаа без трофеј бидејќи Челзи славеше со 2:0, а натпреварот беше обележан со катастрофалниот кикс на Стивен Џерард.

Тоа беше докторски натпревар за Жозе Мурињо за кој многумина зборуваа дека настапил со резервен состав, но Португалецот одржа едно супер тактичко предавање.

Грешката на Стивен Џерард ја искористи Демба Ба кој денес пет години подоцна се потсети на тој натпревар и порача дека воопшто не му било жал за Ливерпул и Џерард.

„Не ми беше жал. Воопшто не сум фан на Џерард или Ливерпул. Не бев ниту фан на Манчестер Сити. Тоа е фудбалот. Едноставно така се случи. Бевме мотивирани затоа што сите зборуваа дека ќе ги оставиме да победат, но ние одигравме совршен натпревар“, изјави Демба Ба.

Историјата оваа сезона како да се повторува бидејќи Ливерпул утре на свој терен ќе игра против Челзи и се освен победа би било кикс за „црвените“ кој сигурно го посакуваат во таборот на Манчестер Сити.

https://youtu.be/AbMhkdKZSgQ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Зв…