Дома Фудбал Човекот кој го откри Гризман: Во Барса не му подаваат, се гледа дека има проблем и не ужива

Човекот кој го откри Гризман: Во Барса не му подаваат, се гледа дека има проблем и не ужива

Човекот кој го откри Антоан Гризман и тоа како младо момче даде интервју за „Мундо Депортиво“. Тој зборуваше за актуелната ситуација на својот миленик во Барселона. Станува збор за скаутот Ерик Олхатс.

Олхатс го откри Гризман кога имаше само 13 години и тогаш го доведе во Реал Сосиедад и сигурно дека е еден луѓето кој фудбалски најдобро го познава.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кога го напушти Атлетико Мадрид ми беше жал затоа што се создаде контроверзна ситуација. Ме погоди тоа. Но, можам да го разберам. Сепак, Барса е Барса. Другите играч и пријатели зборуваа дека одлично ќе се вклопи во стилот на игра на Барселона, во тика-така и сето тоа. Меѓутоа мене неговите настапи сега не ми се допаѓаат. Се гледа дека има проблеми, дека не ужива“.

Смета дека Гризман може многу подобро.

„Ме боли затоа што знам на што е спремен. Може многу повеќе, а ништо не зборува. Се обидува се да направи, а ништо да не каже. Ми изгледа дека не ја добива доволно топката од соиграчите. Помина првиот месец, па вториот…Секако дека не може да биде главен, но поради неговиот пристап и талент заслужува повеќе внимание. Има само 28 години и е играч од светска класа“, заклучи скатутот кој го пронајде Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од Баерн – Нагелсман потпиша!

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман го продолжи договорот…