Дома Фудбал Останато Човекот кој го одби Реал за Арсенал: Се зачудив кога видов како се појавија на состанок

Човекот кој го одби Реал за Арсенал: Се зачудив кога видов како се појавија на состанок

Ретки се фудбалерите кои во своите кариери имале храброст да му кажат „не“ на Реал Мадрид.

Реал Мадрид сигурно е еден од најголемите клубови во светот и сон на многу играчи е еден ден да заиграат за „кралевите“. Меѓутоа, во помал број има и играчи кои го одбиле Реал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од тие играчи е поранешниот фудбалер на Арсенал, Лаурен Етам Мајер. Овој Камерунец израсна во Утерера, а беше член и на академијата на Севиља.

Лаурент направи вистински потег кога летото 1998 година потпиша за Мајорка каде што одигра две одлични сезони. Летото 2000 година многу клубови сакаа да го доведат, а најконкретни беа Реал Мадрид и Арсенал.

Јавноста во Шпанија беше сигурна дека Лаурен се сели во Реал, но тој ги изненади сите кога потпиша за Арсенал. После 20 години Лаурен објасни што се случувало тоа лето.

„Мојот агент беше во Мадрид и имаше состанок Хуан Ониево кој тогаш беше потпретседател. Реал навистина сакаше да ме доведо, но ете не успеавме да се договориме околу некои работи. Тогаш мислев одам во Реал, но сепак одлучивме да одиме во Лондон и да видиме што има да понуди Арсенал. Тие беа упорни и не се откажуваа додека не прифатив. Се сеќавам дека на состанокот дојде и Арсен Венгер, тоа ме изненади“.

„Бев шокиран колку беа сериозни. Дојдоа со одела и кравати и чувството беше поинакво. Се виде дека навистина сакаа да ме доведат. Меѓутоа Венгер беше пресуден. Неговиот пристап беше неверојатен. Ве слуша внимателно и ви дава до знаење дека секогаш ќе биде тука за вас. Во Мадрид беше поинаку, само работно. Седнаа ни кажаа, ние нудиме тоа и тоа и состанокот брзо заврши. Со луѓето од Арсенал чувствував како да се знаеме со години, кога разговарав со Венгер сфатив дека ќе го изберам Арсенал и не погрешив“, раскажа Мајер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…