Дома Фудбал Останато Човекот кој го доведе Роналдо во Мадрид: Нема да бидам изненаден ако замине, Перез е виновникот

Човекот кој го доведе Роналдо во Мадрид: Нема да бидам изненаден ако замине, Перез е виновникот

Човекот кој го доведе Португалецот во Реал Мадрид ја анализираше сегашната ситуација и помеѓу редови го најави мега трансферот.

Поранешниот претседател на Реал и човек кој го доведе Кристиано Роналдо во тој клуб, Рамон Калдерон истакна дека нема да биде изненаден доколку Роналдо премине во Јувентус и го обвини Флорентино Перез.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според сите најави Роналдо е многу блиску до трансфер во редовите на „старата дама“ и тоа во трансфер вреден 100 милиони евра.

„Aко Роналдо го напушти Реал, ќе остави празнина која тешко ќе може да се надополни. Не е така лесно да се најде таков шампион кој секогаш учествува во играта и постигнува повеќе од 50 голови во сезоната. Не треба да се заборави дека тоа Роналдо го прави веќе девет години“, изјави Калдерон за „Тутомеркато“.

Зошто Роналдо изгледа одлучен во намерата да го напушти Реал?

„Во прашање е комбинација од повеќе причини. Флорентино Перез претходните години носеше одлични одлуки, но неговиот проблем е што не знае да го однесува на вистински начин кон нешто кое другите му го оставиле. Така беше и со заминувањето на Касиљас и Раул, двете легенди на клубот“.

„Кога гојде, Перез веднаш се обиде да ги промени или поништи договорите кои ги правевме неколку месеци порано. Во тој момент настана конфликт со играчите кој никогаш не е решен. Кулимнираше со то што Роналдо сфати дека Перез не го цени онолку колку што заслужува“.

„Роналдо сакаше поголема плата, но тоа е нормално кај најдобриот работник во секоја компанија. Го налути кога слушна дека Реал е спремен на Нејмар да му понуди двојно поглема плата од неговата. Се надевам дека сепак ќе се случи пресврт во ситуацијата и Роналдо ќе остане“, истакна Калдерон.
Од друга страна Роналдо на Јувентус би можел да му помогне конечно да го прекине постот од 23 години без титула во Лигата на шампионите.

„Кога зборуваме за историја, традиција и сопственичка струкртура. Јувентус од поодамна заслужи да го сметаат за еден од најголемите клубови во светот. Поради тоа не би бил изненаден ако Роналдо го избере Јувентус“, заврши Калдерон.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…