Дома Останати Тенис Човекот кој бараше суспензија за Ѓоковиќ доби јасен одговор

Човекот кој бараше суспензија за Ѓоковиќ доби јасен одговор

Новак Ѓоковиќ по мечот против Камерон Нори на неодамнешното четвртфинале во Дејвис Купот зборуваше за допинг-тестот кој му бил побаран пред почетокот на мечот.

Ѓоковиќ одбил да се тестира пред мечот и контролата ја завршил по завршувањето на истиот. По таквиот негов потег се бараше казна за српскиот тенисер, а најгласен беше поранешниот француски велосипедист, Марк Мадио кој бараше дури и негова суспензија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Постои правило за допинг контрола пред и по натпреварувањето. Тој одби да биде тестиран и ако антидопинг телото си ја врши работата, треба да биде суспендиран. Во велосипедизмот ако одбиете тест автоматски се сметате за позитивен и мора да сте казнети. Немате право да одбиете да се тестирате“, истакна Мадио.

Но, дека од некаква суспензија нема да има ништо потврди Меѓународната агенција за тениски интегритет која се огласи за „Л’Eкип“.

„Важно е да се нагласи дека Ѓоковиќ не одби да се тестира. Правилото е играчот да биде информиран и потоа е дложен да се тестира колку што е можно поскоро. Во Дејвис Купот тенисерот може да биде информиран и пред мечот, додека во другите натпреарувања тоа вообичаено по мечот. Постои процедура и тенисерите имаат право да одлучат дали ќе се тестираат пред или по натпреварот“, објасни од Меѓународната агенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок за Иско: По фантастичната сезона го пропушта Европското првенство

Иско (32) направи голем пресврт оваа сезона и го игра можеби најдобриот фудбал во животот …