Дома Македонски спорт Мак ракомет „Чкембари“ со апел до општина Битола: Е.Пелистер троши и милионски суми, средете ја салата да не трчаме во „5 до 12“!

„Чкембари“ со апел до општина Битола: Е.Пелистер троши и милионски суми, средете ја салата да не трчаме во „5 до 12“!

Навивачката група „Чкембари“ испрати апел до општина Битола да започнат отстранувањето на техничките недостатоци на салата „Боро Чурлевски“.

„Чкембар“ порачуваат дека има време недостатоците да се средат за Еурофарм Пелистер да може домашните натпревари од ЛШ да ги игра во Битола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Еден АПЕЛ до општина Битола, и до градоначалникот на Битола, Наташа Петровска.
Почитувани, најдобронамерно и најискрено Ве замолуваме, ДА ГИ РАЗГЛЕДАТЕ минатонеделните услови кој Европската ракометна федерација ги постави за тоа што се треба да поседуваат салите домаќини на европските натпревари. Нашата сала дел од тие технички побарувања НЕ ГИ ИСПОЛНУВА. Денес сме 11-ти Мај, имате доволно време да обезбедите финансиски средства за да се отстранат техничките недостатоци. Доволно време да објавите тендери, жалбени постапки… итн. Имате време, АКО тоа започнете да го реализирате ДЕНЕС!
Еурофарм Пелистер, деновиве сведоци сме дека одвојува и милионски(евра) суми да направи тим каков што заслужуваат Битола и Пелистер. Фер е како партнери да им овозможите тоа што е во ваша надлежност да имаат можност да играат во Битола. Да не биде утре касно и да трчаме во 5 до 12 да бараме кој е виновен што нема да смееме да играме во Битола“, стои во соопштението на битолските навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…