Инцидентот кој се случи вчера на македонското ракометно дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер привлече и големо внимание од медиумите во регионот.
За босанскиот портал „Спортспорт.ба“ ситуацијата од „Јане Сандански“ ја раскажал Ален Амиџиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Минатата сезона кога играа овде во Скопје имаше и тепачка, само во помали размери. Лани Вардар ја освои титулата едвај пред Еурофарм Пелистер кој победи овде. Потоа на три кола пред крајот Вардар победи во Битола и ја освои лигата. а за тогаш за Пелистер играа Граѓан и Периќ.
На почетокот имаше добра атмосфера во салата. Капацитетот на салата е над 6.000, а сите билети се продадени. Натпреварот започна, а навивачите на Пелистер доцнеа петнаесетина минути и потоа влегоа. Кога влегоа започнаа немирите, се пукаа петарди и со факли се фрлаше кон домашните навивачи.
Само што влегоа на трибина почнаа да се однесуваат како хулигани. Сите дрогирани почнаа да ја тресат и да ја кршат оградата која им беше поставена пред нив. Запалија факели и почнаа да фрлаат. Не знам што имале во нив, шишиња, камења… Фрлеа по домашните фанови, а беа далеку од „Комити“ (најжестоките навивачи на Вардар), па фрлаа по луѓе, жени и деца. „Комитите“ добро реагираа, штом видоа што се случува и дека луѓе се во опасност, истрчаа преку теренот до гостинските навивачи“, раскажал Амиџиќ.
Покрај изјавата, тој споделил и видео од моментите на хаосот.