Дома Фудбал Англија Четири од шесте најдобри стрелци го напуштија Арсенал, петиот е на прагот!

Четири од шесте најдобри стрелци го напуштија Арсенал, петиот е на прагот!

Арсенал прави реконструкција, Венгер има идеја која ја спроведува на дело. Сепак, навивачите ги загрижува фактот дека екипата ги продаде четирите играчи од шесте најдобро стрелци минатата сезона.

Тоа се Алексис Санчез (30), Тео Волкот (19), Лукас Перез (9) и Окс Чемберлејн (6).

Ако се случи и Жиру (16 голови) да го напушти клубот, бројката ќе биде поголема што секако ги загрижува навивачите.

Единствениот кој сигурно останува до крајот на оваа сезона е Месут Озил, но и тој би можел да замине доколку не го продолжи договорот со клубот.

Да потсетиме, Жиру моментално е најблиску до Челси, но прашање е дали клубовите ќе успеат да постигнат договор до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хари Кејн продолжува да испишува историја, постави нов рекорд

Хари Кејн влезе во историјата на Бундеслигата како играчот кој најбрзо стигна до 100 пости…