Дома Македонски спорт Мак фудбал Чистка во Брегалница: Си заминаа седум фудбалери!

Чистка во Брегалница: Си заминаа седум фудбалери!

По крајот на сезоната 2021/2022, првата прволигашка по цели пет години второлигашко дејствување на „сините“, ФК Брегалница се одлучи за завршување на соработката со седум фудбалери.

Со завршувањето на сезоната 2021/2022 завршија и договорите со клубот за голманот Илче Петровски, дефанзивците Наумче Бакрачески, Филип Миленковски и Хрватот Диего Живулиќ, и фудбалерите од средниот ред Владимир Дујовски, Бобан Георгиев и Кристијан Ацковски. По меѓусебните разговори, со крајот на натпреварувачките активности, со дел од нив не е договорена натамошна соработка а за некои од нив одлучено е да не се понудат нови договори, согласно и амбициите на клубот за следната сезоната кои се на едно повисоко ниво.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Секој од фудбалерите со кои ја завршуваме соработката силно е врежан во историјата на клубот. Затоа искрено им заблагодаруваме на досегашниот нескриен придонес за резултатите и развојот на клубот, притоа посакувајќи им многу среќа и здравје низ натамошниот дел од кариерата“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.

За ФК Брегалница наредниов период ќе следи комплетно преструктурирање во играчките редови како тимот максимално подготвено би го дочекал стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…